Атинскиот градоначалник утре му доаѓа на гости на Шилегов

by Фокус

Откако македонската и грчката влада го потпишаа договорот за името, утре во посета на земјава доаѓа градоначалникот на Атина Јоргос Каминис, на покана на неговиот скопски колега, Петре Шилегов.

Од Град Скопје информираат дека Каминис ќе присуствува на одбележувањето на 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година и одлучувачкиот придонес и на грчки научници и експерти во повторната изградба на градот.

Претходно, Каминис му беше домаќин на Шилегов во грчкиот главен град.

Поврзани новости