Сугарески: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

by Фокус 17:16
17:16

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, дециден беше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-Мислам дека оваа тема уште во текот на локалните избори многу беше злоупотребена. Јас немам информации дека во Македонија некој планира да гради и уште еднаш ќе кажам дека не смееме да внесуваме некоја психоза или паника меѓу населението. Јас за таква работа ниту знам, а и тогаш кажав и сега ќе кажам дека никакви кампови нема да се градат тука – изјави Сугарески при посетата во Штип.

- Advertisements -

Поврзани новости