Атанасов си заминува од АХВ, ќе биде советник на премиерот Заев

by Fokus

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов најави дека идната недела ќе поднесе оставка од функцијата.

Како што соопшти денеска на прес-конференција, од премиерот добил понуда да биде советник за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика.

-Имам понуда од претседателот на Владата да бидам советник од областа земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, што за мене претставува посебен предизвик, рече Атанасов.

Зоран Атанасов беше директор на АХВ од јуни 2017 година.

Поврзани новости