Атанасов: Екстерното е смислено за да се контролираат и бркаат „непослушните“ наставници

by Фокус

Претседателот на Комисијата за образование и наука од СДСМ, Петар Атанасов, на денешната пресконференција рече дека новите реформи направиле хаос во образованието, а екстерното тестирање треба веднаш да се укине.

-Доаѓаме до главната цел на стратешкиот проект, таканареченото екстерно тестирање, кој Владата на Никола Груевски го смисли за да може да ги контролира и да ги брка од работа сите оние кои не се послушни и кои не ги спроведуваат нивните лудории, изјави Атанасов.

Тој додаде дека екстерното тестирање треба веднаш да се укине, а образованието да се ослободи од стегите на партијата на власт.

-Оваа власт мора да си замине, за да го вратиме достоинството на наставниците и професорите и да донесеме решенија за нормален образовен систем, заклучи Атанасов.

Поврзани новости