НСДП: Груевски настојува од извештајот на ЕУ да направи тоалетна хартија

by Фокус

НСДП смета дека експертскиот извештај на Прибе укажува на целосен распад на македонскиот систем и токму поради тоа не смеат да се сеат илузии дека може до бескрај да се развлекува политичката криза. Од партијата велат дека во овој извештај точно е лоцирана одговорноста и се инсистира на брза истрага на прислушувањата и процесуирање на кривичните пријави за објавените злоупотреби.

-Наспроти тоа, Груевски настојува уште еден договор со ЕУ да го направи тоалетна хартија. Наместо да усвои Акционен план со јасно утврдена динамика на активности и изготвување на законска регулатива неопходна за априлските избори до година, Груевски продолжува да купува време за да ја спаси сопствената кожа, стои во писменото соопштение од НСДП.

Во соопштението уште се вели дека промоцијата на „План за нови реформи за европската интеграција“ на личниот фејсбук профил на премиерот, само зборува дека неговите намери за имплементирање на критичните точки од извештајот се декларативни и упатени кон неговите следбеници.

Поврзани новости