Георгиевски: ВМРО-НП нема да се спои со ДПМНЕ

by Фокус

-Јас навистина не знам зошто некои кругови во СДСМ ја форсираат таа приказна, но во неа нема ни ронка вистина. Јас со години сум опозиционер и останувам тоа, што не значи дека за некои прашања нема да имам различни ставови од СДСМ. Тоа кај никого не треба да предизвикува нервоза, реагира Љубчо Георгиевски на пишувањата на поралот Либертас дека ВМРО-НП ќе се спои со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека не гледа никаков мотив зошто Груевски би го сакал тоа спојување, ниту пак гледал мотив за таквите, како што тој ги нарече, шпекулации. Според Георгиевски, оваа приказна е последица на играта на нерви меѓу Зоран Заев и Никола Груевски.

 

Поврзани новости