632
Промената на директорското место во „Телма“ го потврди и Централниот регистар на официјалната интернет страница. Имено, регистарот во петокот објави дека на местото на досегашниот управител Ристо Лазаров доаѓа новинарот Атанас Кировски како што најавуваа медиумите во претходните денови.
Минатата недела објавивме дека некогашниот уредник на весникот „Форум“ и долгогодишниот известувач за „Би-би-си“ од 1 јули ќе го преземе раководството со телевизијата, односно ќе биде директор и главен уредник на телевизијата.