„АстраЗенека“ создава посилен клеточен имунитет кај повозрасните од „Фајзер“

by Фокус

Само една доза од ковид вакцината на „АстраЗенека“ или на „Фајзер/Бионтек“ создава силен имунолошки одговор кај лицата постари од 80 години, велат истражувачите.

Првата студија која ги спореди перформансите на двете вакцини кои во изминатите месеци се користат во Велика Британија покажа дека 93 отсто од луѓето развиле антитела против шилестиот протеин на коронавирусот пет до шест недели по примањето на една доза од „Фајзер“, односно 87 отсто по една доза на „АстраЗенека“.

Сепак, тие пронашле разлика кога станува збор за клеточниот одговор предизвикан од вакцините, односно вакцината на „АстраЗенека“ имала поголем ефект, откако 31 отсто од луѓето развиле Т-клетки против шилестиот протеин, наспроти 12 отсто кај оние кои се имунизирале со „Фајзер“.

Поврзани новости