Коалиција на албански партии и здруженија повикува на протест во петок

by Фокус

Коалицијата на неколку албански опозициски партии и движења, меѓу кои Движењето за реформи на ДПА на Зијадин Села и НДП, ги повикуваа Албанците на масовен протест во петок поради мултидимензионалната криза што ја зафати земјата од нефункционирањето и на невладеењето на правото, партизацијата на институциите, поттикнувањето етнички тензии.

„Одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на македонските политичари и нивните слуги албанци кои го прекршиле законот, кои ја злоупотребиле својата службена должност, се инкриминирани во организиран криминал и корупција, претставува уште еден доказ дека во Македонија постојат двојни стандардни и дека Албанците се третирани како граѓани од втор ред. Наоѓајќи се во ваква ситуација, каде што политичкиот дијалог не дава надеж, каде на најбрутален начин се прекршуваат договорите потпишани со посредништво на меѓународната заедница, каде затворите се логор полн со невини Албанци, каде што правото на целосна рамноправност на Албанците бесрамно се продаде од страна на група политички слуги кои себеси се нарекуваат Албанци, не присилуваат нас како Албанци, кои имаме совест и карактер, без хипотеки, да превземеме координирана акција за да го искажеме нашиот револт против овој систем што нè заробува, што не омаловажува и понижува, што не негираа и крши нашето право за целосна рамноправност“, стои во повикот кон кој уште се придружуваат Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети Албанци, Организацијата на воени ветерани на ОНА и Граѓанското општество.

 

Поврзани новости