МАНУ: Целосно спроведување на договорот од Пржино е единствен излез од кризата

by Фокус 15:39
15:39

Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите ги повика партиите потписници на Договорот од Пржино, со посредство на неговите гарантори – претставниците на ЕУ и САД, итно да се вратат на политички дијалог за завршување на неисполнетите обврски од Договорот.

– Изразуваме крајна загриженост за неодговорноста на потписниците на Договорот од Пржино при неговото доследно спроведување, како единствен излез од тешката криза и за влошувањето на состојбите во РМ до степен со кој се доведени во прашање нејзините витални интереси“, стои во соопштението од МАНУ.

Од таму оценуваат дека претседателот Ѓорге Иванов наместо да настојува доследно да се спроведува Договорот од Пржино, со донесувањето на одлуките за аболиција му задал удар на уставниот и правниот поредок на државата, така уште повеќе продлабочувајќи ја политичката криза.

Поврзани новости