Заев го посети заводот во Банско: Грижата за ранливите категории е приоритет на владата

by Фокус

Премиерои Зоран Заев и неговата сопруга Зорица Заева денеска по повод празникот Божиќ ги посетија штитениците и вработените во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.

Како што велат од владината прес-служба, Заев потенцирал дека грижата и поддршката од инстиуциите за ранливите индивидуи и заедници е еден од најважните приоритети на Владата на Република Македонија.

„Унапредување на правата за лицата со попреченост особено доаѓа до израз во 2019 година со новиот Закон за социјална заштита“, истакнал тој.

Поврзани новости