Села утре ќе се сретне со шефот на НАТО за врски со Македонија, потоа оди на средба со Заев

by Фокус

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, утре попладне во македонскиот парламент треба да оддржи средба со шефот на Канцеларијата на НАТО за врски со Македонија, Зоран Јанковиќ, информираа од партијата.

Ова средба доаѓа во период кога Села ја условува поддршката на уставните амандмани во последната фаза, преку кои треба да се реализира Преспанскиот договор и Македонија да стане полноправна членка на НАТО.

Имено, Села и неговата партија бараат бришење на „македонско“ од документите за државјанство на Албанците од земјава, како и воведување на албанскиот јазик како уставна категорија, за што се очекува да разговара на средбата со премиерот Зоран Заев, која се очекува да се оддржи уште утре.

На иста линија е и лидерот на БЕСА Биљал Касами, кој дополнително бара да се наведат сите етнички заедници како дел од македонската дијапспора, како и да се интервенира во уставот со цел секој закон што ќе биде изгласан по втор автоматски да стапи на сила, без указ од претседателот на државата.

Инаку, Касами и Заев веќе оддржаа средба, а предлозите на БЕСА ќе ги разгледуваат правни тимови на владата.

Поврзани новости