373
Четвртиот квартал годинава ќе биде значајно подобар од третиот квартал, што значи дека македонската економија во 2018 година ќе тргне сериозно напред и може да го достигне тоа што го проектираат сите релевантни институции.
Ова го изјави министерот за финансиси Драган Тевдовски, откако по еден квартал стагнација и уште еден во негатива, во третиот квартал економијата пораснала за 0,2 проценти.
-Ние сме апсолутно сигурни дека буџетскиот дефицит проектиран за годинава од 2,9 проценти од БДП ќе биде остварен и нема да биде надминат, па дури ќе биде понизок – рече Тевдовски.