625
Полицијата постапуваше согласно своите законски овластувања, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовоски, по прозивката од Народниот правобранител дека било повредено правото на пратенички имунитет при приведувањето на пратениците осомничени за настаните од 27 април.
-Полицијата при приведувањето постапуваше врз основа на наредба издадена од Судот и врз основа на тоа ние сме постапиле во рамките на нашите законски овластувања“, изјави министерот Спасовски, додавајќи дека правилник не може да дерогира закон бидејќи е понизок правен акт.