Ристоска: Како ќе се бориме против корупција без реформи на партиското финансирање?

by Фокус 16:43
16:43

Специјалната јавна обвинителка, Ленче Ристоска, вели дека е разочарана што по истрагата на СЈО за Талир, кога беше откриено дека на партиската сметка на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2009 до 2015 година незаконски легнале 5 милиони евра, изостана дебатата за можни законски измени во однос на финансирањето на политичките партии.

-Разочарана сум што и покрај тоа што се случи промена на власта, не се разви дебата околу начинот на финансирање на политичките партии и не се отвори прашањето како на долг рок ние ќе се бориме против корупцијата ако не спроведеме реформи кои ќе го таргетираат токму процесот на финансирањето, неговата транспарентност и инволвираните субјекти во тој процес – изјави Ристоска за БИРН.

Според неа, нужно е да се отвори дебатата за измени во Законот за финансирање на политичките партии, за спречување на перење на пари и за информации од јавен карактер, каде политичките партии се изземени.

-Тоа се центри на моќ кои понатаму можат да ја злоупотребуваат државата преку функциите кои ги вршат – истакнува обвинителката во разговор за БИРН.

Поврзани новости