СДСМ: Христијан „немам став“ Мицкоски заслужено е во опозиција!

by Fokus

Докажаниот губитник Христијан Мицкоски во јавни настапи самиот си потврдува дека став, нема понуда, нема идеја, тој нема ниту одговор на прашање што ќе понуди, велат од владејачката СДСМ.

„„Често пати мене ми велат добро еве критикувате, вие што ќе понудите и наједноставен одговор на тоа прашање е кревети нема луѓе, кревети нема, кислород нема, погледнете во болницата во Битола што се случува. Нема одговорност.“

Ете тоа е „ставот“ на Мицкоски кој не може да одговори ниту на прашањето што самиот си го поставува.

Додека Мицкоски нема став, нема идеја ниту одговор на сопствено прашање, здравствените власти и сите надлежни институции прават се, лавовски се борат со коронакризата на секој можен начин.

Христијан немам став Мицкоски заслужено е во опозиција и уште долго ќе остане таму“, додаваат од партијата.

Поврзани новости