Јанева побара продолжување на рокот за истраги и обвиненија

by Фокус

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денeска побара продолжување на периодот во кој Специјалното јавно обвинителство ќе може да отвара истраги и да покренува обвиненија.

-Новото парламентарно мнозинство да го избрише или укине членот 22 од Законот за специјално јавно обивнителство, кој предвидува рок од 18 месеци за истраги и обвиненија – апелираше Јанева.

Воедно, таа побара да се усвојат и измени на Законот за заштитени сведоци, што, според неа, значително ќе влијае врз работата на СЈО во позитивна насока.

Поврзани новости