Делегација на СДСМ денеска положи цвеќе во знак на почит кон првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој почина пред 6 години токму на овој ден.
„СДСМ, како и граѓаните на Република Македонија, со почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров кон Република Македонија, кој изгради мостови на соработка и заедништво како во нашата држава, така и во светот, и со тоа ги отвори перспективите за Македонија и нејзините граѓани. Во интерес на животот и добра иднина на граѓаните и на Македонија, СДСМ останува определена да ги негува и развива вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе“, стои во партиското соопштение.
Во состав на делегацијата беа Миле Зечевиќ, организационен секретар на партијата, Цветанка Ласкова, координаторка на Форумот на жени и Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје.