314
Министерството за внатрешни работи ја потврди кражбата во домот на новинарот Томислав Кежаровски.
„На ден 01.01.2018 година во 04,00 часот утринава Т.К. од Скопје пријавил во Полициската станица од општа надлежност Аеродром дека во текот на ноќта непознат сторител преку балконска врата влегол во неговата куќа на улица “Жорж Бизе“, при што направил претурање по собите и притоа одзел два лаптоп компјутери, два рачни часовника, една нараквица и еден мобилен телефон. Увидна екипа извршила увид на лице место и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.
Претходно, сопругата на Кежаровски, Марина Кежаровска, на нејзиниот фејсбук профил извести за кражбата и сподели фотографии во каква состојба го затекнале домот.