РКЕ: Во 2016 година се намалило домашното производство на струја, но опаднал и увозот

by Фокус

Постројките за производство на електрична енергија (термоелектрани, хидроелектрану, комбинирани постројки…), во 2016 година произвеле 4.299.882.249 киловатчасови, што е за 9,3 проценти помалку во споредба со 2015 година, кога биле произведени 4.741.762.887 киловат часови.

Како што наведува Регулаторната комисија за енергетика во извештајот за 2016 година, кој се наоѓа ба дневен ред на актуелната парламентарна седница, термоелектраните произвеле 2.699.115.834 киловат часови, или 12,7 отсто помалку отколку во 2015 година, додека хидроелектранитре произвеле 1.490.055.917 киловат часови, што е за 2,5 отсто помалку во споредба со 2015 година.

Исто така, се забележува и надолна тенденција во увозот на електрична енергија, имајќи во предвид дека во 2015 година биле увезени 2.655.788.000 киловат часови, додека во 2016 година биле увезени 2.190.606.000 киловатчасови, што е намалување за 17,5 отсто.

Вкупно, минатата година биле обезбедени 7.493.350.587 киловат часови електрична енергија, што е за 5 отсто помалку во споредба со 2015 година (2.655.778.000 kWh), а за скоро 7 отсто опомалку во споредба со 2014 година (8.055.055.910 kWh).

Оттука, во вкупната количина на електрична енергија за потребите на
потрошувачите во Република Македонија за 2016 година АД ЕЛЕМ учествува со 57 отсто, увозот со 29 отсто, малите хидроелектроцентрали со 5 отсто, додека треба да се спомене дека домашните нерегулирани производители (ТЕ-ТО АД и Когел Север) учествуваат во 7,3 отсто.

Инаку, вкупниот инсталиран капацитет на постројките за производство на електрична енергија во Република Македонија изнесувал 2.057 мегавати, што значи дека е зголемен за 7,5 мегавати во однос на 2015 година.

В.С.

Поврзани новости