433
Никола Груевски бега од фер и демократски избори и постојано го прекршува Договорот од Пржино, бидејќи го потврдивме неговиот криминал преку злоупотреби во државните институции, изјави Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство.
– Затоа избирачкит список не е прочистен, затоа нема реформи во медиумите. Лажните, измислени анкети коишто власта ги пласира деновиве, преку медиумите платени со пари на граѓаните, не може да ја променат реалноста. Граѓаните знаат дека покрај сите опструкции и прекршување на пржинскиот договор во делот на достапност до информации и документи, докажавме дека Министерството за земјоделство е параван за злоупотреба на земјоделските субвенции и крадење на парите на граѓаните – истакна Николовски.