Промоција на книга на актерката Синоличка Трпкова

by Фокус 11:39
11:39

Промоцијата на книгата „Актерска игра пред камера“, на професорката Синоличка Трпкова, во издание на издавачката куќа „Темплум“, се оддржа вчера во Јавна соба.

Како што вели Трпкова, книгата е „водич за сите оние бележани со пален знак“, за сите талентирани и надарени млади луѓе, за сите актери и студенти и љубители на филмската уметност.

- Advertisements -

Станува збор за збир на искуства и вештини  кои се многу умешно пренесени на хартија на еден лесен и разбирлив јазик, така што авторката низ секоја страница се обидува сето свое искуство, знаење, љубов и отвореност кон професијата со која се занимава да им ги пренесе на своите студенти.

 

Поврзани новости