Оставката на Никола Груевски ќе биде прифатена, бидејќи ја најави како неотповиклива, изјави Антонијо Милошоски пред одржување на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој најави дека денеска ќе се утврди дневниот ред на конгресот кој што е закажан на 23 декември, како и рокот за доставување на кандидатури за избор на нов претседател на партијата.
– Кандидатурите ќе треба да се поднесат неколку дена пред конгресот, а кандидатите ќе треба да ги исполнуваат условите согласни статутот на партијата. Статутот е тој што го имаат прифатено и изгласано сите членови, делегатите ќе бидат исти без да бидат менувани кои биле на претходниот конгрес. Помалку е битно новото име за претседателот на партијата, повеќе е битен новиот концепт за делување на партијата како една здрава опозиција. Ќе видам дали ќе поднесам кандидидатура има време. Важно е да имаме добар избор – рече Милошоски.