Груевски сам пристигна на протестот во Шутка, без ниеден од претендентите за нов лидер

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, присуствуваше и на денешниот протест во организација на партијата пред истражниот затвор во Шутооризари против проведувањето на дел од учесниците на настаните на 27 април.

За разлика од претходните протести, кога тој секогаш беше придружуван од партискиот генерален секретар Христијан Мицковски, а повремено од пратеникот Антонијо Милошоски, ексскопскиот градоначалник Коце Трајановски и други пртиски функционери, овојпат тој пристигна сам со член на своето обезбедување.

Токму фактот што Мицкоски беше негова верна сенка на протестите се споменуваше во поткрепа на инфромациите дека тој ќе биде неговиот фаворит за нов партиски лидер, откако неодамна најави повлекување од лидерската позиција во партијата.

Покрај Мицковски, меѓу оние со лидерски амбиции што имаат реални шанси за победа се Милошоски, Никола Поповски и Илија Димовски, кои треба да одлучат дали ќе се кандидираат на претстојниот конгрес, или, пак, ќе влезат во одредена комбинација за здружување на силите.

Инаку, денес партијата треба да оддржи седница на Централниот комитет, кој треба да го свика вонредниот конгрес на 23 декември во Валандово, на кој, пак, треба да се потврди оставката на Груевски и да се избере нов партиски лидер.

Поврзани новости