Мицковски: Не се исклучува можноста да станам претседател на ВМРО

by Фокус

Не е исклучена можноста јас да бидат иден претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но кој и да биде ќе стане премиер по следните парламентарни избори, изјави Христијан Мицковски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, која денеска во централното партиско седиште оддржува седница на Централниот комитет.

-Ние имаме една фракција која се вика ВМРО-ДПМНЕ Македонија и тоа го имам кажано во неколку наврати. Кој било да застане на чело на партијата, сигурен сум и убеден дека тој во иднина ќе го порази Зоран Заев и ќе ја предводи идната македонска влада. Не е исклучена можноста јас да седнам на претседателското столче – рече Мицковски.

Поврзани новости