Ахмети по средбата со Заев најави формирање на влада следната недела

by Фокус

Од следната недела не очекуваат убави работи, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по денешната средба со мандатарот Зоран Заев.

-Сите страни се заинтересирани ова поглавје да се затвори. Верувам дека почетокот на следната недела ке биде добар почеток – рече Ахмети по средбата со Заев во седиштето на СДСМ, на која присуствуваше и и фронтменот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.

Овие три партии треба да ја формираат новата влада, во која се уште неизвесно е дали ќе учествува БЕСА на Биљал Касами, кој води одделни преговори со лидерот на СДСМ.

Поврзани новости