Артин Спахиу избран за претседател на дебарскиот огранок на ДУИ

by fokus

Демократската Унија за Интеграција одржа Изборно Собрание на Огранокот на ДУИ во Дебар, каде 44 присутни делегати имаа можност да гласаат за двата кандидати, Бурим Казиу и Артин Спахиу, каде последниот ја доби поддршката на делегатите со 25 гласа, наспроти другиот кандидат кој усвои 17 гласа.

Новиот претседател на ДУИ во Дебар, Артин Спахиу, пред присутните им се заблагодари на делегатите за дадената доверба, која, како што рече прави тој да се чуствува горд но и му дава одговорсност за да не ги разочарува.

„Ви гарантирам дека во секој момент и во секое дествување ќе имам максимална одговорност за заедно да го продолжиме патот на заедничките победи. Единството, транспарентноста, мудроста и вредностите ќе бидат тие кои што ќе не карактеризират во целата наша работа во овие четири години што не очекуваат”, истакна Спахиу.

Поздравен говор пред делегатите на Собранието на ДУИ во Дебар имаше и градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, при што тој ги поздрави присутните и подвлече дека Дебар е познато како подрачје каде „мажите одржале Собранија и зазеле важни одлуки за се што станувало збор за овој народ.“

„И денес, како наследници на тие паметни и благородни луѓе, се собравме за да избереме раководител кој ќе ги организира активностите на ДУИ во Дебар. Имаме многу доверба кај новиот претседател дека истиот ќе дејствува согласно идеологијата на ова партија која што има задача да го спроведе аманетот на паднатите борци кои ова земја ја наводнуваа со крв. Аманетот како тешка категорија на моралот може да го спроведат само лица кои се праведни, чисти и работливи. Имаме историска среќа што меѓу нас е човекот кој што ги има овие карактеристики, а тој е г-дин Али Ахмети кој со мудроста и трпението што ги поседува нè ориентира во семејството на Европската Унија и НАТО”, истакна Дука.

Поврзани новости