Најмалку 36 жртви на тајфунот Хагиби во Јапонија

by Fokus 09:59
09:59

Бројот на настрадани од тајфунот Хагиби во Јапонија нарасна на 40, додека екипите за пребарување и спасување продолжуваат да трагаат по 17 исчезнати во областите од централниот и источниот дел на земјата.

Во ударите на тајфунот се повредени најмалку 180 лица, а околу 38.000 лица се евакуирани од своите домови, наведува агенцијата Кјодо.

- Advertisements -

Хагиби на островот донесе рекордни количества дождови, заради што за само 48 часа се излеаја дури 20 реки.

Американските медиуми пренесуваат дека спасувачките екипи ги пребаруваат подрачјата околу надојдените реки и свлечишта во потрага по исчезнати, а властите предупредуваат дека се можни нови врнежи.

Тахфунот Хагиби предизвика големи налети на дожд и силни ветрови во текот на викендот, кога беа поплавени и оштетени повеќе илјади домаќинства, а голем дел од главниот остров остана без струја.

Премиерот Шинзо Абе кажа дека владата ќе формира посебен тим за катастрофи.

-Нашиот одговор мора да биде брз и примерен, рече Абе , нагласувајќи дека многу лица се исчзанати, а штетите се големи.

Властите соопштуваат дека 60.000 домови во Токио и околните префектури се уште се без струја, а железницата соопшти дека железничкиот сообраќај е ограничен на градовите Нагано и Токио.

Поврзани новости