Арсовски: Коста Петров троши 200.000 евра и си снима интервјуа и спотчиња

by fokus

Коста Петров, потпретседател на СДСМ и директор на Фондот за иновации склучил рамковен договор со две маркетинг агенции во вредност од 200.000 евра за, „да си снима интервјуа и спотчиња во Фондот за иновации“, обвини на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-55.000 граѓани останаа без работа, стопанството и приватните компании не можат на ред да стигнат до државна помош од фирмите блиски до СДСМ и на функционерите на СДСМ, но затоа Коста Петров како втор човек после Заев, се луксузира и си снима спотчиња и интервјуа за 200.000 евра, пари кои што се на граѓаните. Дали Коста Петров со овие 200.000 евра има намера да ги преплати овие две агенции и тие подоцна да работат партиски агенди или веќе работеле за СДСМ, а не знаеме, или дали има намера преку овие две агенции да врши масовен поткуп со реклами на медиуми, што е забрането законски и казниво со закон. Чисто за споредба, со нешто повеќе од 200.000 евра се снима и режира нискобуџетен филм, изјави Арсовски.

Опозицијата бара одговорност за Петров и ги повика институциите да го истражат случајот.

Поврзани новости