Гутераш: Со вакци-национализмот земјите ќе се поразат сами себе и ќе го забават опоравувањето од пандемијата

by fokus

Науката успева, но солидарноста опаѓа. Вакци -национализмот може да го забави глобалното опоравување од пандемијата, порача генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутераш изразувајќи жалење за високите бројки на починати од корона вирус во светот.

-Денес сведочиме на вакуум во поглед на вакцините. Тие доаѓаат брзо во напредните земји, додека во сиромашните воопшто ги нема. Науката успева, но солидарноста опаѓа, пора Гутераш.

Без да наведува имиња на земји, Гутераш ги критикуваше дел од земјите во светот кои набавуваат вакцини повеќе од потребното.

-Приоритет мора да имаат оние кои се на првата линија на одбрана, хуманитарците и ризичните лица. Владите имаат одговорност да ги штитат своите граѓани, но со вакци-национализмот земјите ќе се поразат сами себе и ќе го забават опоравувањето од пандемијата. Ковид-19 не може да се победи поединечно, земја по земја, рече Гутераш.

Поврзани новости