Петров: Видеата се направени во моја продукција, за нив не е потрошен ниту денар државни пари

by fokus

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров ги демантира тврдењата од прес конференцијата на ВМРО-ДППМНЕ дека потрошил 200 илјади евра за себепромоција.

-Прво, промоцијата на ФИТР како институција која треба да ги поттикне и поддржи младите иноватори и претприемачи во нивните идеи е заложба на секој вработен во Фондот, но пред сé, моја лична. Видеата со млади успешни претприемачи и иноваторите кои ја добиле поддршката од Фондот се направени единствено со оваа цел, а не како што се наведува, за моја промоција како директор на институцијата, уште помалку како функционер во партијата, пишува Петров во демантот.

Тој тврди дека видеата се направени во негова продукција, а за нив не е потрошен ниту денар државни пари.

-Тоа може да се провери со увид во фактурите на Фондот. Истите не се реализирани во рамките на договорите со маркетинг агенциите кои се споменуваат, за кои дополнително информирам дека се договори кои јас ги наследив од претходното раководство по моето доаѓање на функцијата. Договорите се направени во септември минатата година и потпишани од претходниот директор , Јован Деспотовски, додава Петров.

Поврзани новости