Кога планираат Вилма Русковска и Љубомир Јовевски да отворат случај за сомнежот за проневера на над 20.000 евра коишто фалат од благајната од Националната агенција, за што што има и јавно сведоштво од страна на благајникот дека парите биле земани со факсимил на Лидија Димова, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
-Кога Лидија Димова планира да ги објави крајните контрактори каде завршиле парите од проектите кои ги доби братот на Диме Велковски и познатата фризерница од Аеродром? Притоа станува збор за некаде околу половина милион евра. Имаше сомнеж дека се перат пари преку проектите кои ги дели Лидија Димова на своите кафеански пријатели. Кога планираат институциите да го истражат тоа? – праша Арсовски.
Тој смета дека Димова мора веднаш да си даде оставка, бидејќи, според него, начинот на работа на Владата на СДСМ е криминален.