Струмичката компанија „Еленица“ на Заеви порано била косопственик на друга компанија, која од Фондот за иновации добила 220.465 евра, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
-Сега, фирмата со цел назив „ПАУЕРАД ИНТ“ ДООЕЛ Струмица се води на име на Митко Христов, кој до лани бил косопственик со Заеви и основач на истата фирма. А, како нејзин промотор се јавува синот на Митко Христов, Петар Христов. Фирмата „Пауер АД ИНТ“ од Струмица, во која косопственици беа Заеви со „Еленица“ преку Фондот за криминални иновации земале 13.588.652 денари или 220.465 евра. Проектот што чини 220.000 евра е „Иновативен начин на рекламирање, моделот предвидува заработка и за возачите и за оние кои што се рекламираат“ – рече истакна Арсовски.
Според него, симптоматично е тоа што фирмата е отворена на 9 февруари 2018 година, а повикот за аплицирање за грантот е објавен само два месеци подоцна, односно на 24 април 2018 година.
„Јавниот повик трае до 11 јуни 2018 година до полноќ, до кога може да аплицираат сите фирми за одредени проекти. Затоа, им бил подготвен проектот и истава фирма – „Пауер АД“, во која дотогаш биле и сопственици Заеви преку „Еленица“, го поднесуваат проектот за рекламирање на фирми преку автомобили. Заеви со „Еленица“ излегуваат од фирмата и му ја оставаат само на Митко Христов да биде сопственик на 7 август 2018 година, тоа е откако излезе скандалот со криминалните иновации – истакна тој.