Таравари: И советник на ДУИ во Гостивар сака да премине на наша страна!

by Фокус 14:11
14:11

Градоначалникот Гостивар, Арбен Таравари, открива дека и советник на ДУИ во Гостивар има желба на премине на страната на новото мнозинство што сега го сочинуваат Алијансата на Албанците, ВМРО-ДПМНЕ и други помали партии, кои практично со помош на трансфер на еден советник ја презедоа контролата во советот од ДУИ и СДСМ.

-Ниедна од партиите, а се во коалиција 6 партии – 2 турски партии, 3 албански партии, ниедна не условувала. Верувајте, ние и немаме можност да го ослободиме, да му дадеме или одземеме некому нешто, можностите се ограничени. На коалициите да им се дадат одредени вработувања, да, но верувајте, ниедна партија не условувала, а ова ќе се види и во иднина дали ќе се менува некој директор. Имаме две јавни претпријатија и таму директорите се веќе избрани, значи немало пазарења. Се надевам набрзо ќе стигнеме до 17-от советник, имаме советник на ДУИ кој сака да премине во новото мнозинство, мисли дека треба да се помогне на градот со проекти, а не да се блокира, туку да се помогне – рече Таравари во интервју за „360 степени“

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Поврзани новости