Арсовски: Дали Бухова и МЗ дозволиле очната болница на Промедика да врши оперативни зафати без потребни лиценци?

by Fokus

Како што најавив и претходно дека ќе објавам еден поголем скандал, денеска во јавноста ќе откриеме голем, сомнителен случај, за незаконито работење на службите и кадрите на власта. Практично целата таа корумпираност на овој систем на власта која што ја води СДСМ се одразува на тоа да излегуваат се поголеми скандали во јавноста. Ќе поставиме денеска прашања, на кои власта мора да одговори, а јавноста заслужува да ги чуе тие одговори, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Според информациите до кои што дојдовме, се работи за непречено функционирање на дива болница во центарот на Скопје, благодарение и со премолчување на власта и кадрите поставени од СДСМ. Според нашите информации, очната болница на Промедика, која е во склоп на медикал центар поликлиника Промедика и се наоѓа во строгиот центар на градот Скопје кој што не може ниту еден инспектор или било кој вработен во министерството да ја промаши, функционира и врши дејност оперативни зафати, без потребни лиценци кои што мора да ги има согласно Законот. Свесно или не, поликлиниката медикал центар Промедика го прекршува Законот за здравствена заштита, каде што здравствена дејност во Република Македонија може да вршат и приватни установи кои работат врз основа на добиена лиценца (член 13 став 3) и кои што може да вршат услуги од областа на секундарното здравство како специјални болници (член 36), што укажува на следното дека приватни болници се основаат врз основа на утврдени критериуми, по чие што исполнување и констатирана проверка за нивната исполнетост од страна на луѓето односно фирмата која што сака да отвори приватна установа, за потоа да добие дозвола од страна на министерството за здравство за вршење на одредената дејност со точно наведена листа на здравствени услуги. Значи се исполнуваат критериуми, се врши од страна на министерството и инспекторатот проверка дали се исполнети условите и веднаш потоа се издава лиценца. Оттука, контролата врз работата на тие приватни установи болници, треба да ја врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат како орган во состав на министерството за здравство. Според нашите информации кои што ги имаме и ги поседуваме, инспекторите од Здравствениот инспекторат уште пред неколку години донеле одлука за затворање на оваа очна болница која што работи во склоп на поликлиниката Промедика, која работи под неколку имиња или правни подсубјекти, кои што може да се видат и по рекламите дали по социјалните мрежи и медиумите. Но, корумпираноста на институциите и кадрите со кои што раководи СДСМ го спречува затворањето на болницата и овозможува нелегално и диво работење и оперирање во оваа иста болница“, вели Арсовски.

Поврзани новости