Тетовец „заработил“ апсење после свадба

by Fokus 13:52
13:52

Тетовската полицијата информира дека половина час пред полноќ бил приведен 60 годишник од Седларево поради сомнение дека пукал на свадба и со тоа го нарушил јавниот ред и мир. При приведувањето дел од гостите на свадбата спречувале полициски службеници во работата.

 -Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (18 август) околу  23 часот и 30 минути, во тетовско Седларево, го лишиле од слобода 60-годишниот А.А. од ова село, поради сомнение дека претходно на свадбена свеченост организирана од негов соселанец, пукал со огнено оружје и го нарушил јавниот ред и мир. Набрзо, повеќе лица кои присуствувале на свеченоста спречувале полициски службеници во вршење на службените дејствија, по што А.А. бил донесен во Полициската станица Тетово и му бил одземен пиштол „ЦЗ“ со рамка со 6 куршуми калибар 7,65 милиметри, кој го поседувал без дозвола, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според СВР Тетово по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Поврзани новости