Арсовска: Вработените во ГЕС потрошиле милион евра, а 3 години ништо не сработиле

by Фокус 23:19
23:19

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, се огласи на Фејсбук во врска отказите на сите вработени од јавното претпријатие „Градски енергетски системи“, посочувајќи дека тие три години трошеле пари на граѓаните за високи плати без да работат ништо.

„Некој кој формираше претпријатие во кое три години вработените трошеле пари на граѓаните за високи плати не работејќи ништо, најмалку што треба да направи е да се скрие од јавноста наместо да ја истакнува својата неодговорност кон средствата на граѓаните во време на криза”, напиша Арсовска.

Според неа, ГЕС, неговиот управен одбор, директор и вработени за три години потрошиле повеќе од милион евра пари на граѓаните, без да реализираат ниту една активност.

Инаку, сите вработени од ГЕС денеска дадоа отказ поради не примање плата веќе три месеци.

Претпријатието е формирано за време на раководењето на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, за да ја преземе топловодната мрежа во градот, но не доби лиценца.

Поврзани новости