Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска на прес-конференција истакна дека здруженијата на двата приватни јавни градски превозници, „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ во изминатите пет години немаат пријавено ниту еден продаден билет во автобусите кои возат за двете здруженија.
А од друга страна, истовремено од Јавното сообраќајно претпријатие ги наплаќале фактурите за извозените километри за сума од едно евро по километар.
„Наплаќале билети тие пари не ги пријавувале и завршувале најверојатно во нечиј џеб, а потоа фактурирале по 400 000 евра од ЈСП секој месец и оваа очигледно добро разработена шема трае цели пет години. Последната добиена информација е дека последниот продаден билет во овие приватни превозници е од крајот на 2017 година“, истакна Арсовска.