Јовановски по обвинувањата од Арсовска: Само болен во мозокот може да измисли ваква лага!

by Fokus

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски вели дека е зачуден на изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која ги обвини приватните превозници дека не пријавиле ниту еден продаден билет во изминатите пет години.

„Не знам како сме ги продавале билетите, јас ли сум одел низ град и сум продавал карти за јавен превоз. Само болен во мозокот може да смисли ваква лага. Ни беше понудено, но не прифативме да продаваме билети бидејќи не добивме фискални апарати од ЈСП. Ни беше речено кога ќе ги земеме билети да ги платиме за што ќе ни издадат фискална сметка и после да ги препродаваме. Но, ние тоа не го прифативме бидејќи сметав дека тоа не е според закон односно ние како крајни продавачи мора да издаваме фискални сметки“, вели Јовановски.

Поврзани новости