Коџабашев: Институциите во Северна Македонија ќе го истражат случајот за откривање на сторителите

by Fokus

Портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи, Костадин Коџабашев на својот редовен брифинг соопшти дека амбасадорката на Северна Македонија во Софија, Агнеза Руси-Поповска била повикана на вонреден состанок, на кој и била врачена протестна нота, по повод синоќешниот инцидент со бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Коџабашев на средбата со амбасадорката Руси-Поповска изјавил дека Бугарија очекува надлежните органи во Северна Македонија веднаш да ги преземат сите неопходни активности за откривање и изведување пред лицето на правдата на сторителите на кривичното дело. Тој исто така посочи дека Агнеза Попоска го уверила дека надлежните институции во Северна Македонија ќе го истражат случајот со цел да се откријат сторителите.

Поврзани новости