579
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска почнува со постапка за да го врати споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред комплексот судови во Скопје, пишува СДК.мк.
Арсовска, како што пишува порталот, доставила барање до Општина Центар да се даде согласност за почнување постапка согласно која би почнала процедурата за враќање на споменикот на истата локација од која беше тргнат.
Споменикот, кој беше со кама во раката, од пред комплексот судови го отстрани поранешниот градоначалник Петре Шилегов, во февруари 2018 година, бидејќи покрај контроверзноста, имаше решение за отстранување бидејќи беше дивоградба.