Заканувачот му се извини на Mицкоски: Не сум извршил никакво убиство досега

by Fokus

Заканувачот денеска преку фејсбук профилот му се извини на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, неговото семејство и партијата, откако претходно му упати закани за опозицискиот лидер.

Заканувачот преку фејсбук профилот „Роберт Типчето“ пишува дека тоа било момент на недоволна промисленост и нема намера никого да убие.

„Не сум направил никакво убиство досега во мојот живот, ниту имам план да сторам таков ригорозен чин. Момент на недоволна промисленост. Воедно секој греши како човек, ве уверувам нема од тоа ништо. Како и секој млад и јас во моментот не се наоѓам во Република Македонија работам надвор од државата.

Уште еднаш јавно до целата нација на Република Македонија и самиот претседател Христијан Мицкоски и до неговата фамилија лично му се извинувам за немилиот настан и ја прифаќам грешката“, пишува на социјалните мрежи.

 

Поврзани новости