Армијата се вклучува во гасењето на пожарот кај Кочани

by Fokus

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски информираше дека и нашата армија ќе се вклучи во гасењето на пожарот кај Кочани.

„Вечерва во Крушево, началникот на генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ме информираше за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани. Во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терени ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба“, објави Пендаровски.

Поврзани новости