417
Генералштабот на АРМ тврди дека не добиле никакво предупредување, известување или допис за можни терористички напади во земјава од српските безбедносни служби.
Ова следува откако директорот на Воената-безбедносна агенција на Србија, Петар Цветковиќ, изјави дека ги информирале македонските безбедносни структури дека вооружената група, која се судри со полицијата во Куманово, веќе подолго време била стационирана во тој дел.
– Немаме добиено ниту информаци, ниту предупредување, ниту пак допис. Да сме добиеле секако дека ќе сме постапеле по него – вели портпаролот Мирче Ѓоргоски.