Арктичка бура за Божик во САД: Температури од -45

by fokus

Илјадници летови се откажани откако американските метеоролози вчера предупредија на „потенцијално парализирачки временски услови во средниот и источниот“ дел на земјата, кои би можеле да создадат широки нарушувања во сообраќајот за време на празниците.

„Ова не е како снежен ден кога сте биле дете. Ова е сериозна работа, порача американскиот претседател Џо Бајден.

Поради снежната арктичка зимска бура издадени се предупредувања за повеќе од 135 милиони луѓе. Подрачјето кое ќе ги почувствува последиците од зимската бура се протега се до Флорида и американско-мексиканската граница. Националната метеоролошка служба обајви дека до крајот на оваа недела во некои делови од земјата можни се температури од – 45 степени Целзиусови.

Предупредија на голема опасност од смрзнатини кои настануваат поради намален проток на крв. Недостаток на топла крв може да доведе до смрзнување и пукање на тиквото, а во ниекои случаи и до ампутација. Метеоролозите велат дека зимската бура би можела да стане „циклонална бомба“.

Поврзани новости