Музичарката Аријана Гранде и нејзиниот поранешен сопруг Далтон Гомез го финализираа својот развод.
Раскинувањето на двегодишниот брак стана официјален во вторникот, со одлука на Врховниот суд во Лос Анџелес, јавува Асошиејтед прес.
Аријана и Далтон се договорија за развод уште во октомври 2023 година, но мораа да чекаат шест месеци пред да стапи на сила одлуката на судот.
Гранде сега треба да му плати на поранешниот сопруг 1,25 милиони долари одеднаш. Исто така, пејачката се согласи да му даде на Далтон половина од приходите од продажбата на нивниот дом во Лос Анџелес. Таа ќе ги плати и трошоците на неговиот адвокат, 25.000 долари.
Page Six претходно потврди дека Гранде и Гомез потпишале предбрачен договор.
Инаку, Аријана и Далтон се запознаа во 2020 година и неколку месеци подоцна ја потврдија својата врска во спотот на Џастин Бибер за песната Stuck With U. Тие се верија истата година, во декември, а се венчаа во 2021 година.
Тие поднесоа барање за развод во септември 2023 година. Во тоа време, извор изјави за Page Six дека одлуката ја донеле заедно.
„Имаа проблеми пред јануари, но сакаат да останат најдобри пријатели“, рече тој тогаш.
Не помина долго кога Гранде започна врска со колегата Итан Слејтер, кој подоцна се разведе од сопругата Лили Џеј.