Универзитетската професорка Беса Арифи вели дека денешниот ден е важен, бидејќи е осуден човек на кој многумина, како што посочува, во минатото се плашеа да му го споменат името. Таа на „360 степени“ рече дека е многу важно што случајот „Таргет-Тврдина“ добива правна разрешница. Според неа, судот испратил важна порака.
-Мислам дека ова е важен ден за правдата во С Македонија имајќи предвид дека случајот „Таргет-Тврдина“ беше главниот случај, „мајка“ на сите случаи кои ги покрена поранешното СЈО кој денеска доби првостепена пресуда. Овој ден е важен, затоа што еден многу силен човек од кој многумина се плашеа да му го споменат името, го викаа „сенка“, братучед итн. Се плашеа да му го споменат името, а денеска завршува како осуден човек од прв степен со доста сериозна казна од 12 години затвор – изјави Арифи.