За упадот во американскиот Конгрес уапсени се 280 лица

by Фокус

Министерството за правда на САД покрена постапка против повеќе од 300 лица за нападот на Конгресот на 6 јануари, додека најмалку 280 лица се уапсени, изјави денеска заменикот на вршителот на должност јавен обвинител Џон Карлин.

– Одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат за стореното – порача Карлин.

Неговите коментари доаѓаат само еден ден откако вршителот на должноста шеф на Капитол Јоганада Питман изјави пред конгресмените дека приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп можеби сакале да ја разнесат зградата на Конгресот.

Поврзани новости