Арифи: Добро е избори да има пред интензивното лето, ДУИ не му се меша на Џафери

by Фокус

ДУИ бара итен датум за избори, но услов е проценката на Комисијата за заразни болести, вели потпретседателката на партијата Теута Арифи во интервју за емисијата „360 степени“. Таа порачува дека земјата треба да ги цени жртвувањето на граѓаните и деловните субјекти и да не го загрозува нивното здравје.

-За нас, здравјето на граѓаните останува приоритет. Сето жртвување направено од граѓаните со почитувањето на мерките, деловните субјекти во земјата трпејќи ја загубата, жртвувањето на здравствените установи за да поминеме без последици, се многу важни затоа цениме дека последниот збор треба да го каже Комисијата за заразни болести. Доколку нивната оценка е позитивна, ние како партија сме нормално подготвени, и сакаме да го затвориме изборниот процес што е можно поскоро – вели Арифи.

Таа додаде дека сепак не би било добро доколку подолго време се одолговлекува започниот изборен процес, кој беше прекинат поради вонредната состојба.

-Целата оваа ситуација донела до ограничување на многу прашања кои се однесуваат на човековите права и слободи, но предизвиците со кои ќе се соочиме по завршувањето на оваа прва фаза на пандемијата ќе бидат исклучително тешки. Не мислам дека би било пожелно уште долго време да останеме во ситуација со започнати и незавршени избори, само со Bлада која ги тера процесите и сметам дека можеби треба да се видат можностите и доколку се создадени условите изборите да се одржат пред почетокот на интензивното лето – истакна таа.

Коментирајќи го одбивањето на спикерот Талат Џафери да го свика распуштеното собрание, Арифи посочи дека ДУИ како партија не му посочува како да се однесува на Џафери, кој, според неа, е исклучителен процедурален човек.

Поврзани новости