Археолошки музеј: Не сме поплавени, миевме со црево

by fokus

Од Археолошкиот музеј демантираат дека вчера избила вода на плочките мред музејот, а вработените излегле да ја исчистат.

Директорката Весела Честова во изјава за Плусинфо вели дека поплава во музејот немало, а вработоените само го чистеле плочникот.

– Јас сум згрозена и ова е една голема срамота. Археолошкиот музеј вчера имаше нормална акција на чистење на влезот. Имаше црево со коешто се миеше дел од Археолошки: смет од пилиња, отпушоци и други отпадоци. И вие од сето тоа направивте приказна дека имало поплава – вели Честова.

Инаку, Археолошкиот музеј беше дел од проектот „Скопје 2014“ и беше изграден во барок на кејот на Вардар, иако стручни лица предупредуваа дека кејот на Вардар не е погоден за градење, бидејќи има подземни води кои по неколку години сигурно ќе избијат.

Поврзани новости